1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Шеќеринска тврди дека била нападната, ВМРО ДПМНЕ дека се работи за обид за психоза

По митингот во Прилеп, на враќање кон Скопје, непознати сторители, како што вели Радмила Шеќеринска, кандидат на СДСМ за премиер, го нападнале возилото во кое се возела. ВМРО ДПМНЕ оцени: Ова е обид за театралност.

Радмила Шеќеринска

Радмила Шеќеринска

Според Радмила Шеќеринска, синоќа (01.06), од непознато возило, кое се обидело да го истурка надвор од автопатот возилото со кое се превезувала таа, биле исфрлени неколку пластични шишиња. Партискиот штаб на СДСМ побара надлежните институции да го испитаат инцидентот и да ги откријат сторителите. Радмила Шеќеринска доцна синоќа за ТВ А1, меѓу другото, изјави:

„Не сакам да претпоставам, меѓутоа впечатокот на сите коишто бевме во автомобилот е дека воопшто не е случајно...Не сакам ни да помислам дека власта би можела да организира вакво нешто. Јас во еден момент се размислував, дали вопшто да го пријавиме случајот, дали да реагираме, дали да го обзнаниме, меѓутоа сфатив дека во одреден момент мора да им се стави крај на ваквите десперадоси, кои мислат дека политиката, моќта, инструментите се во нивни раце и можат да прават што сакаат.“

Никола Тодоров

Никола Тодоров

ВМРО-ДПМНЕ денеска го оцени како обид за создавање на психоза, тврдењето на кандидатот за премиер на СДСМ, Радмила Шеќеринска дека синоќа била нападната со шише додека се превезувала во својот автомобил. „Замислете, вчера, Радмила Шеќеринска по налог на Бранко Црвенковски кажува дека врз неа е извршен обид за атентат со пластично шише. Повторувам, со пластично шише. До кое дереџе паднавте. Смешно е да обвинувате, а да не знаете ниту каков модел на возило, ниту каква регистрација имало тоа возило. Очигледен е обидот за театралност, која ако се разбере сериозно, може да нанесе штета на демократскиот амбиент во Македонија. Ова е врв на политичкиот неморал. Ова е врв на политичкото безобразие. Како не се срамите од сопствените постапки?“, изјави актуелниот министер за образование Никола Тодоров на денешната прес-конференција.

Автор: АТ/ АЧ/ миа/ макфакс

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска