1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Шефот на Хјундаи во затвор

Поради проневера, еден од најголемите босови на јужно-корејското стопанство, Чунг Монг Коо, мора да мине три години в затвор. Судот во Сеул всушност донесе поблага пресуда против шефот на автомобилскиот концерн „Хјундаи„.

Големиот бос Чунг не се извлече

Големиот бос Чунг не се извлече

Јавниот обвинител побара максимална казна од 6 години. 68-годишниот Чунг Монг Коо вкупно проневерил околу 50 милиони евра. Со парите, меѓу другото, биле поткупувани службеници и политичари за да се добијат поволни градежни парцели, но и банки кои требало на фирмите побргу да им доделуваат кредити. Експертите предупредуваат дека пресудата може да има тешки последици за Јужна Кореја. „Хјундаи моторс„ по „Самсунг електроникс„ е втората најголема фирма во земјата и извезува повеќе од две третини од производството. Според аналитичарите „Хјундаи„ премногу зависи од досегашниот шеф. На концернот му се заканува вакум на раководството, зашто Чунг не оставил наследник. Голем број менаџери на фирмата кои при објавувањето на пресудата биле во судницата, реагирале шокирано. Адвокатите на Чунг пледирале казната да биде заменета со условна за да се спречат штетите за Јужна Кореја. Освен тоа, осудениот е премногу болен за да оди в затвор. Тој пред судот ги призна грешките ветувајќи дека во иднина подобро ќе го води концернот. Уште пред апсењето во минатиот април, семејството Чунг кое го основа „Хјунади„ и се уште го контролира, јавно се извини и донираше околу 900 милиони евра за хуманитарни цели. „Хјундаи„ е седмиот најголем производител на автомобили во светот, а заедно со сестримската фирма „Киа„ – шести. Претседателот на фирмата Чунг и по пресудата засега останува на слобода, додека неговите адвокати ги разгледуваат можностите дали да вложат жалба.