1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Шефот на Формула 1 ќе одговара пред суд во Минхен

Берни Еклстон мора да одговара пред суд во Минхен. Адвокатите на 83 годишниот Британец повторно ги отфрлија обвинувањеата за поткуп.

Шефот на Формула 1 Берни Еклстон најверојатно оваа пролет ќе треба да одговара пред суд во Германија поради обвинување за поткуп и поттикнување на измама. Покраинскиот суд Минхен 1 без никакви промени дозволи да се води главен претрес по тужбата што ја поднесе минхенското државно обвинителство. Судот соопшти дека сѐ уште нема термини, меѓутоа било планирано процесот против Еклстон да почне на крајот на април.

Еклстон се товари дека на поранешниот член на управниот одбор на банката Бајерн ЛБ, Герхард Грибковски му исплатил 44 милиони долари мито за продажба на уделот на Бајерн ЛБ во Формула 1 на британската Инвестор групација „CVC“. Грибковски, кој во меѓувреме е осуден на осум и пол години затвор, силно го товари Еклстон. Тој пак ги отфрла обвинувањата и тврди дека Грибковски го уценувал. Минхенските власти водат истрага од 2011 година. Државното обвинителство тужбата против Еклстон до судот ја достави летото 2013 година.

Тоа што судот ќе расправа по тужбата не е наод за предмет, соопштија адвокатите Свен Томас и Норберт Шарф. „Останува на тоа: Поткуп, за каков што се тврди, немало.“ Обвинувањата не се точни.

Што би се случило со Формула 1 доколку Еклстон биде осуден, засега е отворено. Потенцијален наследник на Еклстон, кој на крајот на 70-тите ги купи ТВ и маркетинг правата, засега не е на повидок.