1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Шефот на норвешката полиција поднесе оставка поради Брејвик

По речиси една година од нападите во Осло и на островот Утоја, шефот на норвешката полиција поднесе оставка. Според независна комисија, полицијата направила низа пропусти во спречувањето на Брејвик.

default

Ојстен Меланд

Шефот на норвешката полиција Ојстен Меланд поднесе оставка на функцијата, по извештајот на независната комисија која заклучи дека полицијата можела да го спречи масакрот што на 22. јули 2011. го изврши Андерс Брејвик, усмртувајќи 77 лица.

Нападот, во кој прво Брејвик изврши бомбашки атентат во Осло, а потоа пукаше во тинејџери во летен камп на островот Утоја, ја разбранува нацијата од пет милиони жители и го покрена прашањето за крајно-десничарските гледишта и ефикасноста на полицијата.

Меланд, кој дојде на чело на полицискиот директорат неколку седмици пред нападот на Брејвик, е критикуван поради пропустите во делувањето на полицијата за време и по најтешкиот напад кој се случи во Норвешка во мирно време.

Независната комисија наведе дека разузнавачките служби можеле да дознаат нешто за плановите на Брејвик неколку месеци пред нападот, кога купил компоненти за правење бомби и дека полицијата имала доволно информации да го запре во момент кога се движел од местото на бомбашкиот напад кон кампот на младите.

Шефот на полицијата оставката ја образложи со немањето на нужната политичка поддршка за продолжување на работата. Пресудата во случајот со Брејвик се очекува на 24. август.