1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Шефот на македонската влада оптимист

По подршката од САД, Македонија очекува признание и од ЕУ.

Македонскиот премиер Владо Бучковски

Македонскиот премиер Владо Бучковски

Македонија мора да има мала но активна улога во големата игра околу Косово. Белата куќа не вршела притисок врз властите во Скопје, меѓу првите да ја признаат независноста на покраината, рече по престојот во САД македонскиот премиер Владо Бучковски.

„Повеќе беше порака до нас, дека очекуваат нашето богато искуство кое го имаме во имплементирањето и изградбата на мултикултурно општество, мултиетничко и мултиконфесионално како позитивна енергија,како дисиминација, овде од Скопје, од Македонија да го пренесеме во регионот. Немаше никакви посебни барања од нас во тој поглед, ние сме подготвени она што во овој момент се заговара, а тоа е Република Македонија да има мала и конструктивна улога, да ја одиграме.“

Премиерот Бучковски денеска одговори и на прашањето каква би била македонската позиција, доколку Србија ненадејно ги напушти преговорите во завршницата кога евентуално би станало збор за независниот статус на Косово

„Во ниту еден момент, ниту на едно ниво, ниту на формално ниту неформално, како некој што шпекулираше не беше побарано од Република Македонија меѓу првите држави во регионот да го признае евентуално независното Косово. Ние ќе ја следиме политиката на Меѓународната заедница. И јас слушнав за дел од варијантите кои веќе на големо се говорат дека веројатно во последната фаза, веројатно кога ќе стане збор за статусот, евентуалниот финален статус би можело да дојде до вакво сценарио за кое вие говорите.“

Извори на македонската влада сеуште не ја потврдуваат саботната премиерска средба во Приштина со учество на албаснкио премиер Бериша, косовскиот Косуми, македонскиот Бучковски и евентуално на црногорскиот Џукановиќ. Но шефот на македонската влада се обиде да зрачи со оптимизам по посетата на САД. Добивме поддршка од Белата куќа, очекуваме уште една валоризација за Македонија со позитивното мислење од Европската Комисија, рече Бучковски.

Сепак лидерот на СДСМ, синоќа само што слетал, го свикал најтесниот врв на партијата по заминувањето на основачот Тито Петковски. Вечерва и официјално, поранешниот претседателски кандидат Тито Петковски ќе го добие одговорот на довчерашните сопартијци на партискиот врв на СДСМ зошто тој сака да формира своја партија.