1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Шефот на либералите Филип Реслер навести оставка

Според првичните прогнози од исходот на парламентарните избори во Германија партијата на либералите најверојатно нема да биде застапена во новиот состав на Бундестагот. Претседателот на партијата навести оставка.

По катастрофалниот исход на партијата на либералите на денешните избори, шефот на партијата Филип Реслер навести оставка.

„Поради ова ja преземам политичката одговорност“, изјави Реслер, подвлекуваќи дека лошиот исход на изборите е „најгорчлив и најтажен миг во историјата на Партијата на слободните демократи“.

Филип Реслер го презеде лидерството на либералите во тешки времиња на партијата, во 2011 година. И покрај успехот на либералите во покраинскиот парламент на Долна Саксонија, на Реслер не му успеа да ја консолидира партијата и да ја добие довербата на избирачите.

Според првичните прогнози од исходот на парламентарните избори, либералите не ги освоија потребните 5 проценти и најверојатно нема да бидат застапени во новиот состав на германскиот Бундестаг.