1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Шефот на кабинетот на Барак Обама поднесе оставка

„Десната рака“ на претседателот на САД, Барак Обама, Вилијам Дејли, шеф на канцеларијата на Белата куќа, поднесе оставка по само една година на функцијата.

default

Барак Обама и Вилијам Дејли

Обама изјави дека повлекувањето на Дејли е од семејни причини.

Американските медиуми меѓутоа тврдат дека хемијата меѓу Дејли и најтесното опкружување на Обама не функционирала.

Designierter US-Stabschef Jacob Lew

Идниот шеф на кабинетот ан Барак Обама, Џејкоб Лу

Поради префрлување на обврските од шефот на кабинетот на вишот помошник на претседателот на САД Пит Роуз, обврските на Дејли беа значително намалени, но никој не очекуваше дека ќе поднесе оставка пред претседателските избори, што ќе се одржат во ноември.

Дејли на местото шеф на кабинетот дојде со цел да ги подобри односите меѓу Белата куќа и бизнис заедницата, како и со претставниците на републиканците. Шеесет и три годишниот Дејли е претставник на моќна политичка династија од Чикаго и има силни врски со Волстрит.

На функцијата шеф на кабинетот во Белата куќа доаѓа Џејкоб Лу, кој во моментов е директор на буџетската служба на Белата куќа.

Автор: ЖА/СН/дв/дпа

Редактор: Борис Георгиевски