1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Шефот на ЕСМ предупредува од заострување на еврокризата

Владината криза во Италија предизвикува турбуленции во Европа, а кај некои и темни предвидувања за натамошниот развој. Шефот на Европскиот фонд за спас на еврото, Клаус Реглинг, предвидува тешка година за Европа.

Поведен од владината криза во Италија, шефот на ЕСМ, Европскиот фонд за спас на еврото, Клаус Реглинг предупредува од заострување на кризата во оваа земја:

„Италија во минатите години започна важни реформи. Досега финансиските пазари го ценеа тоа, но актуелните превирања од последните денови предизвикаа нивна вознемирена реакција“, изјави Реглинг за германскиот венсик „Зидојче цајтунг“. За Италија, како и за целата монетарна унија, е важно продолжување на реформскиот процес. Италијанскиот премиер Марио Монти во саботата (08.12.2012) најави предвремено повлекување од функцијата. Одлуката на Монти дојде откако центристичко десната партија ПДЛ на поранешниот премиер Силвио Берлускони му ја откажа поддршката. Берлускони ја потврди својата намера уште еднаш да се кандидира самиот на изборите во 2013-та година.

Реглинг инаку признава дека курсот на земјите од еврозоната во борбата против кризата наидува на голема скепса, особено кај германските граѓани. Овие сознанија му се потврдени и од кругот на неговите пријатели и познаници, а тој е свесен и за неопходноста - довербата секојдневно наново да се стекнува.

Реглинг сериозно ја сфаќа загриженоста на луѓето, но ја смета за неоснована: „Ние ниту делиме подароци, ниту политиката ја турка Европската централна банка во правец на инфлација“, изјави поранешниот истакнат службеник на германското Министерство за финансии. Реглинг повторно истакнува: „Чашата во Европа не е дополу празна, туку полна до половина“. Само до пред неколку месеци најголем дел од големите вложувачи на капитал беа убедени-еврото нема да преживее. Но, расположението сега е во целосен пресврт.

„Можеби тоа нема да остане така, но инвеститорите сосем добро разбраа - сметките на некои големи хеџ фондови, кои безмилосно шпекулираа со пропаста на монетарната унија, не се остварија и тие претрпеа загуби од повеќе милијарди евра“, вели Реглинг. Тој е убеден: „Тоа многу повеќе ги убеди пазарите отколку заклучоците од Брисел.