1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Шефот на Германскиот Телеком се повлекува од функцијата

Се потврдија повеќедневните шпекулации дека претстои оставка на Каи-Уве Рике. Рене Оберман, шеф на Те-мобајл, негов наследник?

Каи-Уве Рике

Каи-Уве Рике

Според соопштението на концернот, решението за повлекување е постигнато во договор меѓу Каи-Уве Рике и президиумот на Надзорниот одбор на Телеком, а стапува на сила денеска. Претседателот на Надзорниот одбор Клаус Цумвинкел (шеф на Германската пошта) му се заблагодари на Рике за ангажираната работа, посебно за консолидацијата на концернот и за неговата натамошна интернационализација.

Во изминатите недели двата главни акционера на Телеком, германската држава и финансискиот инвеститор Блекстоун, ја критикуваа стратегијата на Рике.

Наследник на Рике треба да биде утврден на денешната седница на Надзорниот одбор, а според наводи од кругови на тоа тело, кандидат е Рене Оберман, досегашен шеф на Те-мобајл, фирма-ќерка на Телеком.