1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Шефот на бугарската служба за борба против криминал е обвинет за корупција

Директорот на бугарската Служба за борба против организиран криминал, Станимир Флоров, денеска (19.04) е обвинет за корупција, соопшти обвинителството во Софија.

Станимир Флоров е обвинет за дела сторени пред 2009 година, кога инаку дојде на функцијата директор на Службата за борба против организиран криминал. Тој е обвинет дека имал врски со лица поврзани со шверц со дрога. Обвинителството добило сознанија врз основа на документи на безбедносните служби, кои биле испратени анонимно.

Документите се автентични, се вели од обвинителството. Тие содржат наводи дека Флоров во периодот од 1999 до 2002 година штител шверцери на дрога и ги известувал за планираните полициски акции. Се верува дека тој проверувал и дали украдените автомобили се на список на Интерпол, како и дека за секоја од наведените услуги добивал по 10 илјади евра.

Обвиненијата посредно се однесуваат и на бившиот министер за внатрешни работи, Цветан Цветанов, кој сега е шеф на предизборната кампања на партијата ГЕРБ на премиерот во оставка Бојко Борисов. Предвремените избори во Бугарија се закажани за 12 мај.