1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Шефовите на Епл, Интел и Гугл на суд

Шефовите на американските технолошки џинови Епл, Интел и Гугл мора да одговараат поради наводен илегален меѓусебен договор.

Калифорниската судијка Луси Кох ги покани пред суд шефовите на концерните Епл, Интел и Гугл. Тим Кук, Пол Отелини и Ерик Шмит мора да одговараат по обвиненијата за наводен меѓусебен договор да не си преземаат меѓусебно вработени.

Судијката со тоа реагира на тврдењата дека повеќе концерни во Силиконската долина во САД постигнале ваков договор. Сослушувањето на шефот на Гугл, Ерик Шмит, е закажано за 21 февруари. Судски процес би почнал во ноември. Адвокатите на тужителите изјавија дека судијката Кох на сослушувањето во калифорнискиот град Сан Хозе, споменала имејл пораки од 2007 година, во кои тогашниот шеф на Епл Стив Џобс, побарал од Гугл да не презема вработени од неговиот концерн. Во тужбата која поради ова е поднесена во 2011 година, концерните се обвинети дека со ваквите договори им нанесле штета на кариерата и изгледите за поголеми плати на своите вработени.