1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Шефовите на држави и нивните задачи

Претседателите од другите земји имаат делумно подалекусежни политички мандати. Спротивно на тоа, германскиот сојузен Претседател нема владеачка моќ. Сепак, тој има репрезентативна улога.

Пречекување гости, ракување и посетување на други земји – сојузниот Претседател ја претставува Германија, а неговата улога е речиси иста како и на кралицата.

Во парламентарните демократии моќта на претседателите не е толку голема. Нивната сила може да биде само зборот.

Поинаку е во Франција. Шефот на државата има подалекусежна политичка моќ, како одговорноста за армијата и за надворешната политика. Поради тоа само тој ја претставува земјата на самити.

Многу помоќен е американскиот Претседател. Тој во исто време е шеф на државата и шеф на владата.

Во Германија претставувањето не е се’. Сојузниот Претседател сепак има значајни задолженија. Канцеларот и министрите се назначени од него. Исто така, тој ги назначува и сојузните врховни судии и повисоките службеници. Новиот закон мора да биде потпишан од Претседателот. Во спортивно, тој не може да стапи на сила. Сојузниот Претседател може и да го распушти парламентот, а тоа до сега е направено трипати.

Тој има цврста улога во германската демократија. И покрај тоа, сега се дискутира за иднината на претседателската канцеларија.

Автор: Ања Келнер / Александар Методијев

Редактор: Симе Недевски


Прилогот можете да го погледнете и како видео на денот