1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Шефер ќе оди во Атина

Генералниот секретар на НАТО,Шефер, во понеделник (03.03.08) ќе ја посети Атина за да разговара со грчката министерка, Бакојани за спорот со името. Шефер во Брисел имаше средба со македонскиот претседател, Црвенковски.

default

Јаап Де Хоп Шефер

Изјави за новинарите по средбата на македонскиот претседател, Бранко Црвенковски и генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер немаше изјави за новинарите. Портпаролот на алијансата, Џејмс Апатурај, рече дека НАТО се надева на решение за името кое ќе ги задоволи двете страни. Сепак, дипломат во алијансата предупреди дека не треба да се потценуваат намерите на Грција да застапува многу остар став по тоа прашање, дури и по цена да биде изолирана.

Солана:„Момент да се најде решение“

Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, на шести март во Брисел, ќе водат завршни преговори за членство на Македонија, Албанија и Хрватска. Прва прилика за договор околу проблемот со името е средбата на македонските и грчките претставници во Њујрок, во петок. Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Хавиер Солана, изрази оптимизам: „Не сакам вето, но се надевам дека состанокот во Њујорк ќе биде конструктивен и позитивен. Ова е момент кога може да се најде решение и се надевам дека ќе биде така. Се надевам дека ќе соработуваме околу оваа цел и дека исходот ќе биде позитивен„, рече Солана.

Со ЕУ шеф дипломатот македонскиот претседател Црвенковски имаше средба пред разговорите со Шефер. Во изјавата потоа, Црвенковски за проблемот со името нагласи дека тоа не епрашање на безбедност: „За проблемот со уставното име на Македонија со Грција можеме да го оквалификуваме на секој начин, меѓутоа не и како безбедносно прашање. Во основа се работи за билатерлано прашање кое што не епроблеми ниту на ЕУ, ни на НАТО алијансата, би рекол дури ни на пошироката меѓународна заедница и на ниеден начин не може да се доведе или стави во контекст на безбедносно прашање, за од тој аспект гледано некој да ја земе ингеренцата да го решава или да наметнува решение.“

Македонија е стабилизатор

Хавиер Солана ја пофали улогата на Македонија како стабилизатор во регионот и подвлече дека изгледите за интеграција во ЕУ се важни за двете страни и дека мора да се продолжи со ефикасен напредок за реализација на целта за влез на земјата во унијата:

„Би сакал да кажам дека билатералните односи со ЕУ се многу добри и се надевам дека така и ќе продолжат.„

Намерите на Македонија, според Црвенковски, се: „Наша цврста решеност е во текот на 2008 година да направиме се‘ што е неопходно за да го добиеме датумот за почеток на пристапните преговори за членство во унијата и успешно да го привршиме дијалогот за либерализација на визниот режим.“