1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Шефер помирлив кон Русија на средбата на НАТО во Лондон

На вториот ден од средбата на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во Лондон, британскиот премиер Гордон Браун ја потврди поддршката на неговата земја за Грузија.

default

Генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер


Велика Британија го почитува територијалниот интегритет на Грузија и ќе и’ пружи на земјата финансиска и економска помош, порача Браун по разговорот со грузискиот премиер Ладо Гургенидзе. Инаку министрите за одбрана на НАТО од Лондон испратија помирувачки сигнали во насока на Москва. Во тоа предничеше генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер:

„Да, на Западот му треба Русија. Но, илузија е доколку Русија е уверена дека нејзе Западот не и’ треба!“

Конфронтација со Русија нема да донесе ништо

Шефер исто така јавно го отфрли курсот на конфронтација со официјална Москва:

„Има решение за кризата. Но, тоа е можно само ако сите страни направат отстапки. Решение не може да се најде ако заземеме курс на казнување на Русија.“

Поддршка за ваквиот став Шефер доби и од американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс, кој во Лондон изјави дека НАТО би требало да се откаже од сите можни провокации како одговор на руското однесување во кавкаскиот конфликт.

Нема темелна промена на курсот на НАТО кон Русија

NATO Generalsekretär Jaap de Hoop Scheffer in Georgien Tbilisi

Шефер при посетата на Тбилиси

Конечно Шефер порача дека не гледа никаква причина за темелна промена на политиката на Алијансата кон Москва:

„Не очекувам никаков пресврт во нашата политика кон Русија. Можеби треба да извршиме одредени промени и прилагодувања, но не ни треба комплетно нова политика“ – порача генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер на дводневната средба на министрите за одбрана на Алијансата во Лондон.

Но, нема ни конкретно решение за надминување на кризата

Тој сепак не можеше да каже ништо поконкретно како треба да изгледа излезот од актуелното ледено доба меѓу НАТО и Русија. Затоа што централната точка во позицијата на НАТО кон Русија останува неизменета. Шефер уште еднаш нагласи дека Алијансата ја поддржува желбата на Грузија да и’ пристапи.

Од досегашниот тек на разговорите на министрите за одбрана во Лондон станува јасно дека НАТО се’ уште нема рецепт за тоа како да ја надмине кризата со Русија што се разви поради кавкаскиот конфликт, ниту пак како во иднина да ги уреди сложените односи со Кремљ.



Поврзана содржина