Шефер од Охрид заминува во Приштина | Вести | DW | 29.06.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Шефер од Охрид заминува во Приштина

*

Генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер по самитот на НАТО во Охрид, заминува во Приштина на разговори со косвските власти. Шефер според најавите ќе се сретне со членовите на приштинскиот преговарачки тим, претседателот Фатмир Сејдиу и премиерот Агим Чеку. Планирани се и разговори со шефот на УНМИК Јоахим Рикер и генералот на КФОР Роналд Катер.