1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Шефер и Рен – БиХ

Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер потпиша посебна спогодба со владата на БиХ за безбедносна соработка. Според неа предвидена е размена на разузнавачки информации. Вакви спогодби НАТО потпишува со земји кои сакаат да и‘ пристапат на Алијансата. Босна и Херцеговина се вклучи во Партнерството за мир од минатата година, што важи за прв степен на патот кон полноправно членство. Шефер при посетата на Сараево ја повика земјата посилно да се движи кон евро-атланетските структури.

Претходно евро комесарот Оли Рен манифестираше разочарување од недостатокот на волја за реформи на босанската влада. Пред се‘ реформата на полицијата во земјата е незаобиколен елемент за приближување кон Европа и за потпишување на договорот за стабилизација и асоцијација. БиХ исто така мора да соработува со Хашкиот трибунал за воени злостори, нагласи Рен во парламентот во Сараево.