1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Шефер го менува Солбакен на клупата на Келн

Катастрофалниот настап во Мајнц ја прели чашата. Фудбалскиот клуб Келн го отпушти тренерот Стале Солбакен. Привремениот тренер Франк Шефер ќе се обиде да го спаси тимот од испаѓање.

default

Франк Шефер

Сега сепак се случи: Стале Солбакен веќе не е тренер на бундеслигашот Келн. Норвежанецот доби отказ вчера попладне, а причина за разделбата се константните спортски неуспеси. Два дена претходно Келн загуби со 4:0 на гостувањето во Мајнц и се наоѓа на 16. место на табелата и на четири кола пред крајот на сезоната во Бундеслигата е во акутна опасност од испаѓање. Во последните четири натпревари за тимот, чија главна ѕвезда е германскиот репрезентативец Лукас Подолски ќе се грижи Франк Шефер. Тој и во претходната сезона беше тренер на Келн, но пред околу една година даде оставка поради лични причини.

Шефер ужива доверба од клубското раководство

Bundesliga FC Köln Trainer Stale Solbakken

Стале Солбакен

Франк Шефер уште во минатата сезона покажа дека може да ја мотивира екипата за врвни настапи. Тој ги познава играчите и веќе денеска може да започне со операцијата „зачувување на бундеслигашкиот статус“. „Шефер сега има задача да ги мобилизира сите резерви и со екипата да ги освои неопходните бодови“, изјави деловниот раководител на клубот Клаус Хорстман. На самиот почеток Шефер меѓутоа го очекува исклучително тешка задача. Во сабота Келн патува во Менхенгладбах на т.н „рајнско дерби“, кај сезонава извонредната Борусија.