1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Шефер:Косово не е преседан

Решението за статусот на Косово не може да биде преседан ниту за Јужна Осетоја ниту за Абхазија или за другите ентитети кои сакаат да се отцепат,како што се Република Српска или Чеченија,изјави генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер во интервју за рускиот весник Новије известија.Тоа е одговор на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров кој предупреди дека решението за Косово ќе биде преседан.И САД сметаат дека ако Косово се оддели од Србија во согласност со планот на ОН,тоа не би бил преседан и не би важело за другите региони,посебно не за замрзнатите конфликти на тлото на бившиот Советски сојуз,се истакнува во текст на сајтот на Стејт департментот.