1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Шест години од смртта на Тоше Проески

Македонија и Балканот денеска се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред шест години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.

default

И годинава 16 маратонци во чест на Тоше Проески тргнаа од Нова Градишка на 13 октомври во 6.20 часот, трчајќи по рутата која во спротивен правец беше последното патување на Тоше.Тие треба да стигнат денеска напладне во Крушево на неговото вечно почивалиште.

Фановите на Тоше пред десет дена го организираа „Ѕвезденото небо“ со кое одбележаа и шест години од неговиот последен концерт, кој беше хуманитарен и во соработка со УСАИД наменет за подобрување на условите во образованието. Животот на Тоше заврши во годината кога одбележуваше десет години успешна кариера и кога таа почна да станува меѓународна. Но албумот на англиски јазик што го подготовуваше беше постхумно промовиран („The Hardest Thing“).

Тодор Проески - Тоше е роден на 25 јануари 1981. и својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ (1992) каде испеал песна на влашки јазик. Музичката кариера ја почна со победата на „Мелфест“ во Прилеп, во 1997. година, и оттогаш настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот, а во 2004-та ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ. Објави седум албуми - неколку и во превод на српски/хрватски јазик.

Последниот - „Игри без граници“ беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт го одржа на Градскиот стадион на 5 октомври 2007.