1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Шест години од загинувањето на припадници на АРМ кај Љуботенски бачила

*

Денеска во Скопје се одбележуваат шест години од загинувањето на осум припадници на Македонската армија, за време на конфликтот во 2001 година кај месноста Љуботенски бачила. Членови на семејствата, владина и делегации од Министерството за одбрана и армијата на Македонија им оддадоа почит на загинатите војнци и положија венци со цвеќе пред споменикот во скопската касарна Илинден.

Претставници од македонската Владата и членовите на семејствата ќе присуствуваат и на комеморативниот собир пред споменикот за припадниците на безбедносните сили во село Љубанци што го организираат општината Бутел и месната заедница Љубанци.