1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Шест војници на НАТО загинаа во Авганистан

Шест војници на НАТО загинаа при уривање на хеликоптер на југот на Авганистан. За причините за инцидентот има спротивставени информации.

Шест американски војници на НАТО загинаа денеска при соборувањето на хеликоптер во јужната авганистанска провинција Сабул. Претставник на Mинистерството за одбрана во Вашингтон потврди дека жртвите биле членови на американските сили за безбедност. Според него, од засега неразјаснети околности дошло до отштетување на моторот на леталото. За инцидентот е отворена истрага.

Исто така и меѓународните трупи ИСАФ истакнаа дека не постоеле укажувања за активности на бунтовници во таа област, кои би можеле да бидат поврзани со уривањето на хеликоптерот.

Спротивно на тоа, радикално-исламистичките талибанци се изјаснија дека еден од нивните борци го урнал американскиот хеликоптер во Сабул. Владата на провинцијата соопшти дека хеликоптерот се урнал во селото Ебрахимхисл во провинцијата Сабул.

Последниот смртоносен инцидент со американски хеликоптер се случи во април годинава. Тогаш при уривањето на леталото на истокот на Авганистан загинаа двајца војници.