1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Шестмина загинати во несреќа со моторна санка

Во несреќа со моторна санка во Италија, животот го загубија шест лица. Несреќата се случила во скојачкиот регион Чермис, кај Кавалесе.

Сите жртви во несреќата, според првичните сознанија, се туристи од Русија. Моторната санка излетала од писта вчера (04.01) доцна вечерта и се урнала во бездна со длабочина од 100 метри. Причината за несреќата се‘ уште не е позната.

Во местото Кавалесе досега се имаат случено две тешки несреќи. Во февруари 1998 година американски воен авион при низок лет пресече сајла на жичарница и притоа загинаа сите 20 луѓе во една од кабините. Во март 1976 година пак, на истата жичарница, се скина сајла, при што една од кабините падна во длабочина од над 100 метри. Притоа живото го загубија 42 патници во кабината, а преживеа едно 14-годишно девојче.