1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Шестгодишнина од масакрот кај Карпалак

*

Денеска кај месноста Карпалак се одбележа шест годишнината од масакрот врз припадниците на македонските безбедноси сили во конфликтот во 2001 година. Членовите на семејствата на настраданите повторно побараа да се открие вистината за настанот, за кој се уште нема осудени. На денешен ден, пред шест години, на местото кое се наоѓа на автопатот меѓу Тетово и Скопје, армиски конвој наиде на заседа при што загинаа десет резервисти од Прилеп.