1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Шестгодишнина од загинувањето на војниците кај Љуботен

*

Денеска во Скопје се одбележаат шест години од загинувањето на осумте припадници на Македонската армија, за време на конфликтот во 2001 година кај месноста Љуботенски бачила. Членови на семејствата, владина и делегации од Министерството за одбрана и армијата на Македонија им оддадоа почит на загинатите војнци и положија венци со цвеќе пред споменикот во скопската касарна Илинден. Инцидентот се случи на 10 август 2001 кога армиското возило нагази на противтенковски мини на патот кон Љуботен.