Шенген зоната се шири и во новите ЕУ членки | Вести | DW | 27.10.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Шенген зоната се шири и во новите ЕУ членки

*

До крајот на годинава ќе се укинат шенген границите меѓу старите и новите ЕУ земји членки. Ова стои во завршната декларација на состанокот на министрите за внатрешну работи на Унијата по дводневната неформална средба во Прага. Контролите на патничките и железничките премини треба да се укинат на 21 декември годинава, а на аеродромите на пролет 2008 година. Во шенгенскиот простор сега нема да влезе само Кипар кој побара одлагање на една година за да може да ги реализира неопходните подготовки за влез во шенген системот.