1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Шеесет и пет години Израел

„Ако навистина сакате, тоа не е само бајка“, напиша виенскиот новинар и основач на ционизмот Теодор Херцл во 1902 година. Нецели 50 години потоа неговата визија се оствари - основана е државата Израел.

Четиринаесетти мај 1948 година беше ден кој го потресе Блискиот Исток. На тој ден, во еден музеј во Тел Авив, беше прогласена државата Израел. За тој настан сведочат неколку, по малку матни, црно-бели фотографии, како и неколку нестабилни филмски снимки и една тонска снимка. На сликите е прикажан шефот на еврејската самоуправа во Палестина, Давид Бен Гурион, а над неговата глава е закачена слика на Теодор Херцл, основачот на ционизмот. Во својата лева рака тој го држи текстот на Декларацијата на независност:

„Еврејскиот народ настана во државата Израел. Тука е втиснато неговото духовно, религиозно и политичко битие“, изјави Бен Гурион. „Насилно протеран, еврејскиот народ и во прогонство остана верен на својата татковина. Не ја загуби надежта дека ќе се врати. Со ова го прогласуваме основањето на еврејска држава во земјата Израел. Ова е државата Израел“, соопшти свечено Бен Гурион.

Nakba - Die Katastrophe

Од церемонијата на прогласување на државата Израел во Тел Авив

Војна за независност

Радоста поради основањето на државата меѓутоа беше засенета од очекувањето на претстојната војна. Арапските држави го отфрлија заклучокот на ОН од 1947 година за поделба на областа под британски мандат меѓу Евреите и Арапите. Притоа, на Евреите им беше ветена повеќе од половината од територијата на Палестина. Ова подрачје, речиси 500.000 еврејски жители мораше да го делат со 440.000 Палестинци. Тоа, како што оцени израелскиот историчар Илан Папе, беше сигурен рецепт за трагедијата која требаше да следи.

За Евреите да бидат во убедливо мнозинство, Бен Гурион тогаш донесе одлука да протера од земјата околу милион Палестинци. Околу 750.000 Палестинци, повеќе од 80% од населението, тогаш навистина ја напуштија татковината. Тие избегаа во соседните арапски држави или во региони кои не беа под контрола на Израел, во Западен Брег и во Газа. Тогаш исчезнаа 530 палестински села, а беа уништени 11 градови.

Golanhöhen Sechs Tage Krieg 1967

Израел имаше неверојатен воен успех во Шестдневната војна во 1967 година

Шестдневната војна и нејзините последици

Нецели 20 години подоцна, во таканаречената Шестдневна војна од 1967 година, Израел ја прошири својата контрола и врз овие територии. Меѓу 5 и 10 јуни 1967 година израелските трупи ги победија армиите на Египет, Јордан и Сирија и го окупираа Западниот брег, Појасот Газа и Голанската висорамнина.

Неочекуваниот и неверојатен воен успех предизвика кај израелското население бран на национално и религиозно воодушевување. Особено освојувањето на Источен Ерусалим со најважната еврејска светост - Ѕидот на плачот, „ослободи месијански чувства“.

Набрзо потоа во окупираните подрачја се изградени првите израелски населби. Тие не само што беа толерирани од страна на Владата под раководство на Работничката апртија, туку беа и целно поддржувани.

Ниту мировниот договор со Египет во 1979 година, како ниту мировниот процес почнат во 1993 година или повлекувањето од Појасот Газа во 2005 година, не ставија крај на политиката на доселување. Дури и премиерот Јицак Рабин, убиен во 1994 година, кој беше против доселувањето, не се осмелуваше да ги урне населбите на окупираните територии.

Денес во Западниот брег и во Источен Ерусалим живеат околу 500.000 еврејски доселеници. Меѓу нив има многумина нови доселеници од Источна Европа и Централна Азија, кој дојдоа во Израел по распадот на СССР. Израел прими околу милион руски Евреи. Освен тоа, во 1991 година, со операција која предизвика големо внимание, од Етиопија во Израел беа префрлени околу 14.000 Евреи.

Односите со Германија

Сојузна Република Германија има дипломатски односи со Израел од 1965 година. Претходно, во 1952 година, Германија со Луксембуршкиот договор се обврза на исплата на речиси 3,5 милијарди марки отштета за убивањето европски Евреи од страна на нацистите. На 14 март 1960 година во хотелот Асторија, во Њујорк, германскиот канцелар Конрад Аденауер се сретна со израелскиот премиер Давид Бен Гурион на лична размена на мислења. По

Flash-Galerie Angela Merkel 2008 Rede vor Knesset

Германската канцеларка Ангела Меркел држи говор во Кнесетот во 2008 година

средбата Бен Гурион пред новинарите изјави: „Бев среќен што се сретнав со канцеларот Аденауер. Во Кнесетот реков дека Германија денес не е каква што беше. По средбата со Аденауер сум сигурен дека овој впечаток е исправен.“

Во меѓувреме односите меѓу Берлин и Ерусалим се блиски и полни со доверба. Германија важи како еден од најверните сојузници на Израел, кој и‘ пружа политичка и дипломатска поддршка на земјата, но ја поддржува и со испорака на оружје. Јоханес Рау во 2000 година беше првиот германски претседател кој зборувал во израелскиот парламент. „Вашата одлука да ме поканите ме исполнува со благодарност“, рече Рау. Во март 2008 година Ангела Меркел одржа впечатлив говор во Кнесетот. Рече дека како и секој друг германски премиер пред нејзе е свесна за историската одговорност на Германија за безбедноста на Израел и додаде: „Оваа историска одговорност на Германија е дел од државниот резон на мојата земја. Тоа значи дека безбедноста на Израел за мене, како германска канцеларка, е нешто за што никогаш не може да се преговара.“