1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Шеесет и осум робови работат за мене

Дали го поттикнувам ропството? Тестот на интернет страницата slaveryfootprint.org покажува дека во светот работат неколку дузини робови за мене. Ако ова е точно, тогаш што можам да направам да се промени тоа?

Пенкала, гелови за туширање или пелени за детето - за нивно производство, а според вебстраницата slaveryfootprint.org се користат робови. Различни материјали кои се содржани во овие производи, како што се памукот, јагленот или одредени метали, се берат или ископуваат во нехумани услови. Робовите кои работат на производите главно се во Кина, но некои се принудени на ваква работа и во Јужна Америка, Украина, Русија, Индонезија или, пак, Индија.

Зад вебстраницата стои добротворна организација со седиште во Калифорнија. Џастин Дилон, кој е нејзин основач, смета дека во светот 27 милиони луѓе се принудени да работат без да бидат платени. Наместо за ропство, тука би можело да се зборува и за неплатена принудна работа.

Дилон селектираше околу 400 секојдневни производи, од смартфони преку маици до кафе или прстен кој се носи секој ден на прст. Тој пресмета просечни вредности, кои на крајот водат до резултатот на тестот. Во нашиот случај 68 робови-работници за тестираниот производ. Тестот може да се објавува и на социјалните мрежи. Организацијата сака оваа тема да ја направи што е можно попозната.

Screenshot slaveryfootprint.org

Отрезнувачки податоци од веб страницата slaveryfootprint.org

Повеќе детали ве молам

На вебстраницата недостасуваат податоци за одредени теми, смета Сабине Ференшилд од невладината организација „Зудвинд“, која нагласува дека е тешко да се класифицира што е работа во ропски услови, а што наемнина на работна сила во тешки услови за работа.

Дури и бројката од 68 работници да не е точна, сепак вебстраницата успева да создаде свесност за проблемот. Луѓе од целиот свет работат во понижувачки услови за нашиот животен стандард. Решението што се нуди од вебстраницата е ширење на знаењето за модерното робство и донирање пари. Вебстраницата не препорачува да се избегнуваат конкретни производи. Справувањето со темата „фер конзумирање“ е комплицирано и одзема време, смета Ференшилд, бидејќи синџирите на производство „се комлицирани и долги“.

Sabine Ferenschild Institut für Ökonomie und Ökumene Südwind Siegburg

Сабине Ференшилд од невладината организација „Зудвинд“

Во секој случај сите компании самите не знаат од каде нивните суровини навистина доаѓаат. Сузане Џордан смета дека големите фирми немаат интерес нешто да менуваат во процесите. Затоа дипломираниот географ од Баварија самата се обидела да создаде фер производ - компјутерски маус. Така видела колку е комплицирано производството на еден така едноставен производ.

„Работата на монтажата, лемењето, производството на куќиштето на маусот - сето тоа кај нас е фер“, објаснува таа во интервјуто за Дојче веле. Од составните компоненти веројатно две третини се произведени под фер услови, „бидејќи тие се направени од други составни делови направени од други составни делови направени од суровини“. За тие материјали речиси да нема информации - или затоа што фирмите се воздржуваат од откривање информации или, пак, затоа што не го знаат потеклото, бидејќи деловите ги купиле преку посредници.

Screenshot slaveryfootprint.org

Памукот често се произведува и обработува во лоши работни услови

Сузане Џордан со разочарување вели оти смета дека „металите во глувчето не се фер“ произведени. Но, таа сака да продолжи да работи на што пофер создавање на глувче за комјутер. Таа не верува дека е можно да се создаде 100% фер производ, но се надева дека е барем можно да се дојде блиску до тој процент. Нејзиното глувче сега чини двапати повеќе од другите кои се на пазарот.

Сличен пристап избра и една фирма од Холандија. Таа ова лето сака да започне со производство на фер смартфони. Парите ги обезбеди од нарачките. Сепак, и овој концепт не ветува производ кој е создаден во комплетно пристојни работотни услови или според добри стандарди за животната средина, туку мобилен телефон кој ќе биде „најфер што е можно“.

Затоа експертката Сабине Ференшилд смета дека транспарентноста е единственото решение во борбата против ропството и неговите производи. Сите фирми би требале да ги откријат своите ланци на снабдување. Сепак, повеќето од нив би морале политички да бидат принудени на тоа.