1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Швеѓани повикани да се појават пред КГБ

Тројца Швеѓани, кои стојат зад т.н. подвиг со кадифени мечиња во Белорусија, кој доведе до затегнување на дипломатските односи меѓу Стокхолм и Минск, се повикани да се појават пред КГБ.

„Добивме документ од КГБ. Од нас тројцата е побарано да се појавиме пред КГБ“, изјави Томас Мацети, коосновач на маркетинг агенцијата која ја спроведе акцијата за расфрлање кадифени мечиња со натписи, кои повикуваа Белорусија да ги почитува граѓанските права и слободи.

Шведските активисти со авион нелегално влегоа во просторот на Белорусија на четврти јули, расфрлајќи ги 879-те мечињата со мали падобрани над градовите Иванец и Минск. По инцидентот, белорускиот авторитарен претседател Александар Лукашенко ги отпушти началниците на граничната војска и на противоздушната одбрана.

KGB Gebäude in Minsk

Зградата на белоруското КГБ

Мацети изјави дека во писмото не било јасно напишано врз која основа се повикуваат Швеѓаните на распит, но според она што го сфатил, тие би требале да бидат сведоци, а не осомничени. Тој додаде и дека Швеѓаните ќе бараат гаранции од КГБ пред да отпатуваат во Минск. КГБ е името кое го користи денешната Агенција за државна безбедност на Белорусија.

„Ќе бараме гаранции дека КГБ нема да не’ обвини нас. Тие претходно рекоа дека се согласуваат со тоа, но ние бараме гаранции“, рече Мацети.

Протерување дипломати

Поради инцидентот, официјален Минск на 3-ти август го протера шведскиот амбасадор од Белорусија, по што Шведска одби да го прими новиот белоруски амбасадор, откако претходниот замина пред неколку недели, а исто така им ги одзеде дозволите за престој на двајца белоруски дипломати, кои беа замолени да ја напуштат скандинавската земја.

Односите меѓу двете земји ескалираа на 8-ми август, кога Белорусија објави дека ги протерува сите шведски дипломати од земјата, а министерот за надворешни работи на Шведска Карл Билд го нарече грубијан белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Teddybären

Кадифените мечиња предизвикаа тензии

ЕУ солидарна со Шведска, но не ги повлекува амбасадорите

На итниот состанок одржан вчера во Брисел, претставниците од земјите членки на ЕУ изразија солидарност со Шведска во нејзиниот спор со Белорусија, но не презедоа конкретни мерки против претседателот Александар Лукашенко, иако пред состанокот се најавуваше таква можност.

Сите претставници изразиле „силна солидарност“ и „голема загриженост“ поради протерувањето на шведските дипломати од Белорусија, а амбасадорите се согласиле и дека спорот меѓу Стокхолм и Минск влијае на вкупните односи на Белорусија со ЕУ. Меѓутоа, земјите членки не успеале да заземат заеднички став за повлекувањето на амбасадорите од таа земја.

ЕУ во следните месеци ќе ја преиспита можноста за воведување санкции против власта на претседателот Александар Лукашенко. А, во меѓувреме министерствата за надворешни работи на земјите членки ќе им пренесат јасна порака на белоруските амбасадори во своите змји дека ЕУ се солидаризира со Стокхолм. Инаку, Белорусија во моментов се наоѓа под санкции од ЕУ поради лошото однесување со политичките затвореници во таа земја.