1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Шверцот во Германија цветал во 2011-та

Извршниот директот на царината и сојузниот министер за финансии го претставија билансот од работата на германската царина во 2011-та. Извештајот упатува и на успеси.

Специјалните единици на царината се претпазливи. Не затоа што одговорниот министер за нив Волфганг Шојбле дојде да се информира за нивната работа, туку затоа што на масата има килограми запленет коканин. Материјата е високо концентрирана и вреди 12 милиони евра. Најдена е од специјалниот оддел на пристаништето во Хамбург во еквадорски каргоброд натоварен со банани. Шверцот со дрога процвета во 2011-та.

„1,6 тони кокаин; 1,3 тони марихуана; 1,2 тони хашиш; 357 килограми хероин и над 24 тони останати дроги благодарение на мерките на царината беа спречени да стигнат до нелегалните пазари“, рече министерот за финансии Волфганг Шојбле.

Zoll Bilanz 2012

Операцијата за спречување перење пари откри банкноти сокриени во кифли

Предизвик за цариниците не се само дрогите од Латинска Америка, туку и пиратските производи од Кина. Овие евтини чанти се превезени во контејнери на брод. Вредноста им е минимална, а штетата на компаниите со брендирани имиња и за земјата е во милијарди.

„Царината спречи во минатата година фалсификувана стока во вредност од речиси 83 милиони евра да може да се продава. Потрошувачот мора да биде сигурен дека добива оригинална стока за она што го плаќа“, рече Шојбле.

При шверцувањето дрога, ситниот шверц или нелегалното пренесување пари, престапниците стануваат се пософистицирани. Но, гермаската царина секогаш има нови тактики. Какви? Властите не сакаат да откријат.

Автор: Ханс Пфајфер / Александар Методијев

Редактор: Симе Недевски

Прилогот можете да го погледнете и како видео на денот