1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Шведска е нов светски првак во хокеј на мраз

Шведските хокеари во финалето пред домашната публика во Стокхолм го совладаа големото изненадување на првенството- Швајцарија со 5:1.

Репрезентацијата на Шведска е нов светски првак во хокеј на мраз, откако во финалниот меч одигран во Стокхолм ја победи Швајцарија со 5:1. Репрезентацијата на  Шведска ја освои деветтата светска титула во својата историја, прва по пауза од седум години, а воедно стана првиот домаќин уште од 1986 година кој го освоил трофејот пред своите навивачи. Швајцарија, која беше вистинско изненадување на шампионатот го направи својот најголем успех, претходно Швајцарците имаат освоено седум бронзени медали.

Бронзата на првенството ја освои селекцијата на САД, Американците во ’малото финале’ по подоброто изведување на пенали, ја совладаа Финска со 3:2. За најкорисен играч на Мундијалот е прогласен бекот на Швајцарија Роман Јоси, со што стана првиот швајцарски хокеар кој ја освои оваа престижна награда.

Најдобар напаѓач на првенството е Финецот Петри Контиола кој собра 16 поени (по осум голови и асистенции), додека најдобар голман е Јонас Енрот од Шведска. Во идеалниот тим на Светското првенство кој го избраа новинарите се наоѓаат Јонас Енрот (Шведска), бековите на Швајцарија Роман Јоси и Жулиен Вуклар и напаѓачите Петри Контиола (Финска), Пол Стастни (САД) и Хенрик Сендин (Шведска).