1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Швајцарците се против укинување на воената обврска

Швајцарските граѓани денеска на референдум со големо мнозинство се изјаснија против укинување на воената обврска. Според прогнозите, дури 73% од гласачите се изјасниле против, а 27% биле за укинување на обврската.

На иницијатива на „Групата за Швајцарија без армија“ граѓаните на Швајцарија денеска (22.09) на референдум гласаа за укинување на воената обврска. На иницијаторите им беше претскажан неуспех уште со анкетите во пресрет на референдумот.

Застапниците на воената обврска оценуваат дека таа е симбол на националниот идентитет. Иницијаторите на референдумот и нивните

поддржувачи пак, укажуваат на тоа дека денес само 61 процент од младите кои подлежат на воена обврска служат во армијата. Другите се одлучуваат за алтернативна граѓанска служба или плаќаат пари (вообичаено три проценти од годишниот приход) во замена за служење во армијата.

Според сегашниот систем во Швајцарија, сите мажи на возраст меѓу 18 и 32 години подлежат на воена обврска. Армијата во текот на изминатите децении бележи постојан пад на бројот на војниците. Во 1961 година во армијата служеа 625.000 лица, додека во 2016 година нивниот број ќе изнесува само околу 100.000.