1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Швајцарски фудбалер исфрлен од Олимпијада

Швајцарецот Микел Морганела е исфрлен од Игрите откако на својот профил на Твитер постирал навредувачки коментари за Јужна Кореја.

Швајцарскиот фудбалер, Микел Морганела, во понеделникот (30.07) е исфрлен од Олимписките игри во Лондон, откако на социјалната мрежа Твитер поставил расистички коментар. „Морганела го дискриминирал, навредил и го повредил достоинството на репрезентацијата на Јужна Кореја и нејзиниот народ. За него овие Олимписки игри се завршени“, рече шефот на олимпискиот тим на Швајцарија, Жан Жили. Швајцарскиот фудбалер навредливата порака ја поставил по поразот на неговиот тим од 2:1 во дуелот против Јужна Кореја.

Во меѓувреме, пораката е избришана од неговиот Твитер профил.

Морганела е вториот спортист кој поради расистички коментар на Твитер е отстранет од ОИ. Грчката атлетичарка Вулу Папахристу беше исфрлена од Игрите во Лондон поради коментарите за емигрантите од Африка.