1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Швајцарскиот референдум ја разлути ЕУ

Европската Комисија го критикуваше швајцарското „да“ на референдумот за ограничување на доселувањето во земјата. И претседавачот со ЕУ, Грција изрази жалење поради исходот на референдумот во Швајцарија.

Европската комисија соопшти дека ќе ги преиспита билатералните односи со Швајцарија откако граѓаните на таа држава на референдум поддржаа воведување на квоти за доселување на странци во земјата. Исходот на референдумот го повредува принципот на слобода на движење на луѓето, истакнаа Комисијата во Брисел и грчкото претседателство со Советот на ЕУ.

„Воведувањето на квотите за доселениците државјани на земјите членки на Европската унија е спротивно на принципот на слободното движење на луѓето меѓу ЕУ и Швајцарската Конфедерација, заснован во соодветните билатерални договори коишто се на сила и претставуваат клучни за хармоничен развој на нашите односи“, се истакнува во соопштението на министерството за надворешни работи на Грција од името на претседателството на ЕУ.

„ ЕУ ќе ги преиспита последиците од таа иницијатива врз севкупните односи на Унијата и Швајцарија, се вели пак во соопштението на Европската Комисија публикувано откако беа објавени резултатите од референдумот на кој беше усвоен предлогот на десничарските популсти од Швајцарската народна партија, кои во доселувањето на странци во Швајцарија гледаат причина за многу проблеми во земјата.

Швајцарците на рефендум поддржаа воведување ограничувања за имигрантите – „за“ воведувањето се изјаснија 50,3 отсто гласачи. Тие ја поддржаа т.н. иницијатива „Против масовна имиграција“.

Веќе една деценија граѓаните на ЕУ можат без проблеми да се доселуваат во Швајцарија ,која не е членка на ЕУ, доколку таму најдат работно место. Соодветниот договор меѓу ЕУ и Швајцарија е дел од пакет на спогодби кој меѓудругото досега и овозможуваше на швајцарската економија слободен пристап до огромниот пазар на Унијата. ЕУ сега има намера да го преиспита целиот пакет.