1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Швајцарската банкарска тајна е се‘ помалку тајна

Германската и француската влада поканија претставници на 17 земји-членки на ОЕЦД на разговори за мерки во борбата против даночните оази и затајувањето данок. ОЕЦД има стандарди за размена на информации од оваа сфера.

default

Швајцарија не дозволува вистински да и’ се ѕирне во картите, кога станува збор за банкарската тајна. Во март беше бучно најавено олабавување на тајната на влоговите во банките, но набргу стана јасно дека нема да биде востановена систематска споредба на податоците со странски финансиски власти. Кај случаи на затајување данок, Швајцарија помага само во исклучителни случаи. Поради тоа, практичните консеквенции за банкарската тајна се минимални, смета банкарскиот експерт Мануел Аман од Сент Гален:

„Сосем е јасно дека идејата е да се симне банкарската тајна во постапка за давање службена помош на странска држава само кога постои конкретно сомневање, со наведување на име и укажување на банката за која станува збор. А, од искуство се знае дека нема толку често такви конкретни случаи“.

Швајцарија мора да предаде податоци само во поединечни случаи

Службената помош кај појави на затајување данок е регулирана во рамките на Договорот за одбегнување двојно оданочување. За Швајцарија да биде симната од таканаречената сива листа на даночни оази, мора да бидат потпишани 12 такви нови договори според стандардот на

UBS Bank in der Schweiz

Банката УБС

ОЕЦД. Минатата недела беше финиширан договорот со САД. Од него е познат само клучниот пункт: Швајцарија мора да предаде податоци само во поединечни случаи и нејзините власти можат да оспорат секакво барање на американските власти.

„Врз основа на тие информации, изгледа како Швајцарија овде да не морала да направи никакви подалекусежни отстапки. САД, значи, морале да се задоволат со тоа, Швајцарија да ги спроведува сегашните стандарди на ОЕЦД. Ако е така, тогаш може секако да се каже дека тоа не е заканувачко за Швајцарија и за швајцарската банкарска тајна“, оценува експертот Аман.

Додека американскиот министер за финансии Тимоти Гејтнер го слави како успех новодоговорениот документ, тамошни експерт го оценуваат како практично безвреден, оти не предвидува автоматска размена на податоци. Но, договорот не претставува ни целосен успех за Швајцарија. Таа сакаше преговорите да ги поврзе со истражната постапка против нејзината водечка банка УБС, од која

Symbolbild Steueroase Schweiz

американските правосудни власти бараат да им даде податоци за 52 илјади клиенти. Постапката, сепак, не е запрена.

И холдинг-друштвата наскоро без привилегии

Швајцарија учествува на денешниот состанок во Берлин - за првпат на средба на ОЕЦД од ваков вид. Под притисок однадвор, земјата ги прифати стандардите на ОЕЦД, но мора да се подготви и за натамошен притисок. Британскиот премиер Гордон Браун побара од неа да сигнализира подготвеност за излегување во пресрет и кога се во прашање холдинг-друштва. Швајцарскиот министер за финансии веќе навести дека би можела да биде укината привилегијата за холдинг-друштвата.


Автор: Паскал Леклер / Зоран Јордановски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска