1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Швајцарија загуби милијарди евра поради цената на златото

Во 2013 година цената на златото падна за 28 проценти. Тоа силно ја погоди Швајцарската национална банка. Нејзините резерви со злато загубија десетина милијарди евра од вредноста.

Швајцарската национална банка (SNB) денеска во Цирих соопшти дека за 2013 година претрпела вкупно загуба од дванаесет милијарди франци, односно 9,75 милијарди евра.

Причина за тоа e пред сѐ загубата која е предизвикана поради резервите злато - имено нивната вредност опадна за околу 15 милијарди франци (околу 12, 2 милијарди евра), соопшти банката. Од друга страна пак е добивката во висина од шест милијарди франци. Половината од овие пари Швајцарската национална банка ги заработи преку странските валути и истекот на спасувачкиот фонд за големата швајцарска банка УБС. УБС во есента 2008 година вредноста на имотот ја предаде на Централната банка и пет години подоцна го откупи истиот. Нето загубата оттука изнесува девет милијарди франци.

Нема дивиденда за државата и вложувачите

За првпат во повеќе од стогодишната историја Швајцарската национална банка нема да исплати дивиденда.

Имено резервата за поделба на дивидендата на Швајцарска национална банка изнесува 5,3 милијарди франци. Меѓутоа негативниот биланс од 12 милијарди франци значи дека акционерите, но и сојузот и кантоните ќе треба да се откажат од дивидендата.

Цената на златото во 2013 година опадна за околу 28 проценти. Експертите сметаат дека и во 2014 ќе продолжи ваквиот тренд.

Со оглед на тоа дека Швајцарија во меѓународна споредба има особено високи резерви со злато, билансот на Централната банка е посебно силно погоден од падот на цената на златото.