1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Шаќири успешен и во тренерските води

Артим Шаќири, едно од најголемите фудбалски имиња во поновата македонска спортска историја, од скоро минува низ поинакво фудбалско искуство. Седна на тренерската клупа на Шкендија од Тетово.

Беше одличен фудбалер, остави длабока трага зад себе. Се прослави во дресот на Вардар, играше во силните лиги на Англија и на Германија и на уште неколку други земји. По завршувањето на кариерата се реши за нов фудбалски и животен исчекор:

„Решив да станам тренер, единствено кај мене беше дилемата тоа да биде во Шкендија или во некој друг клуб. Во секој случај овој предизвик започнува во клубот во кој активно играв во една полусезона. Шкендија е голем клуб и е она што го сакав во моите тренерски почетоци“.

За македонското првенство, Шаќири вели, резултатски е интересно, но не треба да се споредува со квалитетните европски лиги:

„Првенството е интересно, но само во рамките на македонската фудбалска јавност. Но, да го споредуваме нашиот фудбал, нашево првенство со други поразвиени земји не можеме. Ние сме се‘уште многу далеку. Но, работите полека почнуваат да се подобруваат.“

Таленти има, но како да се задржат?

Во Македонија се сака фудбалот, постојано се појавуваат нови таленти, но според Шаќири, проблем е тие да се задржат.

„Добри млади играчи има, има таленти, но треба многу работа со нив. Ќе се појават, ќе заиграат и веднаш сакаат да заминат надвор од земјата, бидејќи овде не гледаат своја перспектива“.

Mazedonien Fußballnationalmannschaft

Сон на Шаќири - да застане на кормилото на националниот тим

Репрезентацијата на Македонија е една од неизбежните теми, бидејќи Шаќири во период од 12 години го носеше дресот со државен грб. Вака го коментира стартот во квалификациите за светското првенство:

„Се наоѓаме во многу тешка група. Тоа е група во која можеме да бидеме и први, но и последни! Тоа е група, многу незгодна, лоша за нас. Иако, ние знаеме да играме против ваквите репрезентации како што се Хрватска, Србија, Белгија, Шкотска и Велс. Против ваквите знаеме понекогаш да изиграме многу добро. За жал, остана истото, кога треба да се направи резултат правиме пропусти. Ме радува што победивме против Србија со 1:0. Во претходните две средби против Хрватска и Шкотска извлековме само бод, а мораше да биде многу подобро со оглед на играта и шансите, кои ги имаше Македонија“.

Желба, еден ден да биде македонски селектор

Верува дека работата на новиот селектор Чедомир Јаневски ќе донесе подобри резултати. Ја истакнува последната победа над Србија, која треба да претставува поголем поттик. Шаќири не крие дека останува амбицијата еден ден да биде селектор на репрезентацијата на Македонија:

„Јас еднаш веќе бев кандидат да бидам селектор во периодот пред да дојде Џон Тошак. Бев на разговори, бев заинтересиран за таа позиција. Ги образложив моите планови, да направиме тренерски тим со колеги со кои играв заедно во репрезентацијата, да направиме стратегија со цел на постигнување на подобри резултати. Но, изгледа ваквиот начин на работа, оваа метода на работа некому не му беше по волја....Јас сепак верувам дека еден ден ќе станам селектор на македонската репрезентација,“ вели Шаќири.