1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Шариф се враќа во Пакистан

*


Полицијата во Пакистан, пред очекуваното враќање во земјата на поранешниот премиер, Наваз шариф уапси голем број негови приврзаници. Портпарол на партијата на Шариф, “Муслиманска лига“ соопшти дека во притвор се стотици лица. Според портпаролот, апсењата нема да ги заплашат приврзанците на Шариф. И покрај забраната, во градот Лахоре, се собрани стотици луѓе за да го поздрават Шариф, кој попладнево треба да се врати од Саудиска Арабија, за да настапи на парламентарните избори во земјата на осми јануари. Шариф, чија владата беше урната од сегашниот претседател на Пакистан, Первез Мушараф во 1999 година, уште во септември допатува во Лахоре од егзилот во Саудиска Арабија, но веднаш по враќањето беше повторно протеран од земјата.