1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Шариф се врати во Пакистан

Осум години по сменувањето од власта, поранешниот пакистански премиер, Наваз Шариф се врати во земјата, за да ја креира политиката активно и да поднесе кандидатура за парламентарните избори во Пакистан на осми јануари.

default

Шариф (во средината) ги поздравува приврзаниците што го пречекаа

Кусо по стемнувањето, Наваз Шариф со приватен авион на саудиското кралство пристигна во Лахоре. Ова е второ враќање на поранешниот пакистански премиер, кој беше осум години во егзил во Саудиска Арабија. Во септември Шариф се врати во Пакистан, но веднаш беше повторно протеран. Сега, како што објасни владата, смее да остане. Саудискиот крал Абдула, лично вршел притисок и го отворил патот за враќање на Шариф за време на разговорите со претседателот Мушараф, минатата недела. Пристигнувањето на екс-пакистанскиот премиер, вчера беше засенето со апсењето на илјадници негови приврзаници, собрани да го прослават враќањето на Шариф. Портпаролот на партијата на Шариф, Асан Икбал, изјави: “Ова е уште еден доказ дека генерал Мушараф нема да дозволи слободни и фер избори. Со објавувањето на терминот за изборите на сите партии би морало да им биде дозволено да го остварат своите политички активности. Ако ние не смееме ниту да го поздравиме нашиот партиски лидер, како ќе можеме да водиме изборна борба?“

Пет илјади полицајци на аеродромот во Лахоре поради пристигнувањето на Шариф


Полицијата и владата тоа го демантираат и говорат за мал број уапсени, за да се заштити аеродромот. Кончно, на повеќе илајди лица им успеа да се пробијат на аеродромскиот простор во Лахоре. Со постери, знамиња и извици на славје, тие на Шариф му посакаа добредојде, и покрај присуството на околу пет илјади полицајци кои на аеродромот беа дојдени од целиот Лахоре. Исто како и влијателната лидерка на опозицијата, Беназир Буто, и Наваз Шариф ќе достави свија кандидатура за изборите на осми јануари. Но, сеуште е нејасно кој на крајот ќе настапи на изборите. Зашто, еден сојуз на опозициони партии има намера да ги бојкотира изборите, доколку претседателот Мушараф до средината на оваа недела не ја укине вонредната состојба. да се приклучи кон бојкот ќе биде наговарана и Беназир Буто, која сеуште е нерешителна. На чело на движењето за бојкот е партијата на Шариф: “Сите партнери во сојузот ќе се држат до заклучокот. Сега имаат четири дена за да се консултираат во партиските тела и сите имаат избор - можат да останат дел од сепартиското движење за демократија, или да се одделат од него. “

Што ќе направи Мушараф?


Опозицијата сега чека на наредниот чекор на Мушараф. Тој во наредните денови треба да ја предаде должноста шеф на армијата и да биде инаугуриран како цивилен претседател на земјата. Сепак, термин за укинување на вонредната состојба, воведена пред три недели, сеуште не е на повидок. Политичките набљудувачи сметаат и натаму дека во Пакистан е можна поделба на власта - Мушараф да биде претседател, а премиерот да биде од редовите на опозицијата. Дозволата за враќање на Шариф се гледа како обид на Мушараф да ги претстави изборите како фер и да направи расцеп во редовите на опозицијата.