1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Шарен биланс на Германците во Лигата на шампионите

Денеска (16.09.2010) со првите натпревари по групи започнува фудбалската Лига Европа. Екипите на Борусија Дортмунд, Бајер Леверкузен и Штутгарт ја преставуваат Германија во ова натпреварување.

default

Дуел на Лам (Бајерн) и Тоти (Рома)

За екипите на Штутгарт и Бајер Леверкузен првиот настап во годинешната Лига Европа може да придонесе многу за самодовербата со оглед дека нивните досегашни настапи во Бундеслигата се бледи.

По три порази во три меча, на Штутгарт успехот дома против швајцарскиот Јанг Бојс му е итно неопходен.

Hannover 96 gegen Bayer 04 Leverkusen

Бајер Леверкузен на денешниот натпревар ќе настапи без повредениот Михаел Балак

Хајнкес: Мора да играме со поголема страст

Истото важи и за Бајер, кој на домашен терен и со големи проблеми со повреди, во кадарот го пречекува норвешкиот Розенборг: „Мораме да покажеме поголема страст. Мора да се обидеме повторно да ја пронајдеме радоста во играта која не правеше силни како колектив“, смета тренерот на Леверкузен, Јуп Хајнкес.

Единствен германски претставник кој ќе гостува во првото коло на Лига Европа е Борусија Дортмунд, која меѓутоа кај украинскиот клуб Карпати Лвив патува со самодовербата стекната по добриот старт во Бундеслигата.

Бајерн може да победува и без Рибери и Робен

Champions League 15.09.2010 Bayern München - AS Rom

Фудбалерите на Бајерн го прославуваат голот на Томас Милер против Рома

Блед старт во домашното првенство имаше и Бајерн Минхен. Но затоа минатогодишниот финалист во Лигата на шампионите го поправи билансот со вчерашниот успешен настап против италијанскиот вицепрвак Рома, кого го совлада со 2:0. Без ѕвездите Рибери и Робен, во Бајерн со голови блеснаа германските репрезентативци Милер и Клозе. Додуша Минхенчани се’ до 11 минути пред крајот се мачеа со исклучиво одбранбено насочената „Волчица“. Сепак тренерот Луис Ван Гал беше задоволен: „Сметам дека на крајот ние игравме добро, но за да им се понуди добар меч на гледачите потребни се два тима.“

Магат не смета дека билансот на Шалке е трагичен

Fußball Champions League Schalke Lyon

Непријатни 90 минути за тренерот на Шалке Феликс Магат

Другите два германски претставника не беа толку успешни како Бајерн. Вердер во Бремен уште еднаш покажа како може да се врати во игра по наизглед изгубен натпревар и успеа да ги подели бодовите со Тотенхем. „Со оглед како течеше натпреварот може да се биде задоволен. Ако се губи 0:2 и на крајот се освои еден бод, тоа воопшто не е лошо“, вели напаѓачот на Вердер, Арон Хант.

„Не го гледам тоа сега трагично“, уверуваше во вторникот вечер во Лион пак тренерот на Шалке Феликс Магат. Неговата екипа меѓутоа го изгуби четвртиот натпревар по ред сезонава. Против Олимпик, Шалке немаше ни среќа. Единствениот гол Французите го дадоа по грешка на играчот на Шалке Мориц, а потоа играа и со играч повеќе поради спорното исклучување на Хеведес.

Автор: Симе Недевски/ Оливија Фриц/ Андреас Цимонс

Редактор: Александра Трајковска

Редактор: Александра Трајковска