1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Шарено, гласно, спонтано...

Во 2010 година очите на светот ќе бидат насочени кон Јужноафриканската Република, кадешто треба да се одржи првото светско фудбалско првенство на африканска почва.

default

Високата стапка на криминал, јавен сообраќај што го нема, недоволно места за спиење и цената на билетите за Јужноафриканците и натаму задаваат главоболки во седиштето на ФИФА. Наспроти тоа, организаторите во Јужнофариканската Република ветуваат „најдобро светско првенство што воопшто се одржало“. Тоа ќе биде „африкански турнир, шарен, гласен и спонтан“, се вели во оваа земја.

„55.000 места за седење се монтирани, тревата ќе биде посадена за три недели, а од покривот веќе се гледаат внатрешната и дел од надворешната конструкција. Се‘ оди извонредно. Ќе бидеме готови до септември, или најдоцна до октомври“, објаснува Мајк Муди, кој би бил одличен портпарол на Јужноафриканскиот комитет за светското првенство, кому му се префрла дека е арогантен кон јавноста, односно медиумите. Но, Муди, раководителот на градежните работи на најголемиот и највпечатливиот стадион за светското првенство „Сокер Сити“ е таков.

На стадионот би требало да собира 94.000

Soccer City Stadium in Johannesburg

Стадионот „Сокер сити“

посетители. Тој однадвор, со неговиот заоблен облик, наликува на минхенската „Алианц Арена“ и ќе биде местото каде што ќе се одржат церемонијата на отворање и на затворање на првенството. „Сокер Сити“ не е новоградба, како што е тоа случај на други места каде што ќе се одржуваат натпреварите. Овде, на стариот ФНБ-стадион (Фрст Нешнл Бенк Стадион), инаку, се играат дуелите меѓу Орландо Пајратс и Казер Чифс (јужноафрикански фудбалски клубови).

Полни стадиони и по првенството?

Кога станува збор за тоа - дали скапите нови и реконструирани стадиони, на кои има 200 ексклузивни ВИП-ложи, ќе бидат пополнети и по првенството, дискусиите меѓу застапниците и критичарите се жестоки. Мајк Муди вели: „Најдобро посетениот натпревар на Пајратс привлече 110.000 посетители. Значи, тоа ќе го наполни стадионот. Потоа, тука е и рагбито. Веќе гледам како британските „Лавови“ или новозеландските „Ол Блекс“ играат против нашите „Шпрингбеке“. Тоа ќе биде шоу! Верувам дека со тоа е обезбедено полнењето на стадионот долгорочно.“

Друга спорна тема се цените на билетите.

Offizieller Spielball für den Confederations Cup 2009 in Südafrika

Критичарите тврдат дека мнозинството вистински фудбалски навивачи се црнци со мали примања, кои поради високите цени нема да можат да присуствуваат на натпреварите. Мајк Муди оценува: „Мислам дека одлуката на ФИФА да даде на продажба 700.000 билети по цена од 140 ранди (околу 11 евра) е голем гест. Овие билети ќе се „стопат“ веднаш.“

Рецесија или не - фудбалските навивачи ќе дојдат!

Шефот на „Сокер Сити“ смета дека фудбалските навивачи нема да бидат спречени да дојдат на ФИФА-СП дури ни поради светската рецесија: „Побарувачката на билети веќе сега ги надминува очекувањата. Постојат фанови кои штедат со години и тие доаѓаат, имало рецесија или не. Тие јадат и пијат нешто помалку, но доаѓаат.“

Муди, од својата канцеларија која е во близина на импознатното градилиште на стадионот, ги координира трите илјади

Soccer City Stadium in Johannesburg

Организаторите градат стадиони и ветуваат незаборавно првенство

работници. Најголемиот број од нив доаѓаат од соседен Совето, најголемата населба во околината на Јоханесбург, која е главно населена со црнци. Муди смета дека местото е полно со симболика: „Ако се сеќавате на светското превенство во рагби, во 1994 година, со него Јужноафриканската Република направи голем чекор напред. Светско фудбалско првенство, значи најголем турнир воопшто и тоа може само да придонесе за помирување во земјата. Секој Јужноафриканец со којшто сум разговарал, сеедно со каква боја на кожата, религија или етничка припадност, од се‘ срце го поддржува ова првенство во Африка, не само во Јужноафриканската Република.“

Главно е да се биде сигурен

На реверите на мажите, облечени во сино, што на крајот од работниот ден во долг ред минуваат покрај Муди, е напишано „Горд сум што соработувам на првенството 2010“. Национална гордост и работни места, иако само привремени - тоа е доволно за овој навивач без задршки да му дава поддршка на првенството: „Сега, кај нас, одеднаш доаѓаат сите тимови и посетители од цела Африка. Нив никогаш ги немавме видено во времињата на Апартхејдот. Сите сме толку возбудени, што немам зборови тоа да го опишам. Да, бевме малку загрижени поради криминалот, но сега ја зајакнаа полицијата и обучија чувари на редот кои ќе им помагаат на посетителите. Сега нашите гости треба, всушност, да бидат сигурни. Зашто, главното е тоа - посетителите да се чувствуваат сигурно.“

Автор: Лудгер Шадомски / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска