Шарена револуција | Теми | DW | 16.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Шарена револуција

Шарената револуција е протестно движење кое започнува како резултат на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да прогласи аболиција за сите осомничени и обвинети политичари во истрагата за незаконското прислушкување.

На 12 април 2016 година, македонскиот претседател Ѓорге Иванов прогласи аболиција за 56 лица осомничени за вмешаност во скандалот со прислушкувањето. Околу 4,000 луѓе излегоа на улиците на Скопје истата вечер, пробивајќи го полицискиот кордон и палејќи ја канцеларијата на Иванов во центарот на градот. Протестите продолжија и во следните денови со зголемено темпо и масовност. На 15 април за првпат беше фрлена боја врз фасадата на Порта Македонија- што потоа стана препознатлив симбол на протестите. Името „Шарена револуција“ за првпат се појави на страницата на ДВ на македонски на 19 април 2016 година.

Покажи повеќе написи