1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Шап и лигавка во Велика Британија

Во јужна Англија изби епидемија на вирусот шап и лигавка. Британските власти брзо реагираа, веднаш беше забранет извоз на месо и негови производи, а властите почнаа со барање и на причините за вирусот.

default

Забрана за извоз и транспорт на месо и говеда, овци и свињи

Вирусот на шап и лигавка со голема веројатност потекнува од лабароаторија каде се вршат медицински истражувања за животни, која е одалечена само шест километри од фармата каде е откриен вирусот на јуогот на Велика Британија.

Во лабараторијата се одгледувале ќелии за вирусот за да се произведе вакцина. Раководителката на британската ветеринарна служба Деби Ренолдс истакнува „Да се има овој резултат е голем чекор напред во нашите истражувања. Идентификуваниот предизвикувач не е пронајден кај живтони во последно време, туку бил користен на Прл Брајт институтот како во приватната фирма во центарот така и во државната лабараторија за истражување.“

За паратеникот Питер Енсор ова е добра и лоша вест истовремено „Ова е невообичаено. Во целата земја луѓето се алармирани, се бара предизвикувачот и на крајот излегува дека доаѓа од државна лабараторија.“ истовремено смета претеникот на опозицоните Либерали во веста се наѕира и надеж „Ова предизвикува загриженост за жителите во околината на лабараторијата, но ако се потврди тогаш за останатиот дел на земјата има помал ризик.“

И водечкиот британски микорбиолог Хју Пенингтон наведе дека е мала веројатноста предизвикачот да се проширил и во други делови на Валика Британија. 60 говеда кај кои беше пронајден вирусот во меѓувреме се убиени

Како вирусот од лабараторијата за истражување се пренел на соседната фарма се уште не се знае. Наводно постоел извештај уште од 2002 година во кој се препорачува реновирање на лабараторијата. Британскиот премиер Гордон Браун денеска ќе оддржи нова седница на кризниот кабинет. Вчера владата нареди забрана за извоз за британските животни и животински производи. Европската унија утре ќе го стори истото. Забранет е и транспорт на животни во рамките на Велика Британија.

Пред шест години 2001 година, поради избивање на вирусот на шап и лигавка во Велика Британија беа убиени околу 7 милиони животни, а штетата беше проценента на 12 милијарди евра.