1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Шанси во кризата - скриени шампиони во извозните пазари

Еврокризата не е единствена што притиска врз глобалното темпо на економски развој, но сепак растечките земји, како Кина, Бразил и Индија, ќе продолжат да се сметаат за носители на надеж во германската извозна економија.

Дали во кризни времиња одреден стопански сектор може да биде независен од економската ситуација? Колку една бранша е врзана за паричникот на потрошувачите, толку полошо ќе се справи со рецесијата. Само кога луѓето имаат пари во чантата купуваат, на пример, шик автомобил. Но, има и бранши во кои кризата минува без да се забележи.

„Глобално се смета дека, на пример, побарувачката на енергија реагира само со ограничена флексибилност на економските флуктуации, бидејќи потребата за енергија останува иста“, вели Фердинанд Фихтнер од Германскиот институт за светска економија ДИВ.

Ferdinand Fichtner Deutsches Institut für Wirtschaftsforschung

Фердинанд Фихтнер

Слично е и во секторите кои произведуваат потрошувачки добра, кои се неопходни во секојдневниот живот.

„За прехранбените производи и медицинските услуги едноставно мора да има побарувачка и тие не можат да се доведат во зависност од приходите и поради тоа не можат да бидат доведени во зависност од економската состојба“, додава Фихтнер.

Браншите кои изискуваат високи инвестиции, како на пример машинската индустрија, страдаат кога слабее економијата. Во несигурни времиња компаниите се претпазливи со новите големи инвестиции. Но...:

Michael Bräuniger Hamburgisches Weltwirtschaftsinstitut

Михаел Бројнигер

„Конкретен исклучок прават одредени машини. Споредено со авиоиндустријата – тука се работи со многу долги временски планирања. Во авиоиндустријата нарачките се исполнуваат со години и во оваа смисла таа е многу независна од случувањата во економијата“, вели Михаел Бројнингер од Хамбуршкиот институт за меѓународна економија ХВВИ.

Ако кризата потрае, тогаш сите компании ќе мораат да ги земат предвид долгорочните загуби. За да ги пополнат дупките извозните бранши бараат нови извозни можности. Покрај традиционалните пазари, за германските компании земјите во развој ќе станат уште позначајни.

„Најголем светски пазар остануваат САД, но и Европа е исто така многу голем пазар. Но, тие имаат многу послаба динамика отколку земјите во развој. Земјите во развој се засилуваат во растот и во таа смисла тие стануваат се’ позначајни“, објаснува Бројнингер.

Накусо – Кина, Индија, Русија и Бразил ќе продолжат да се сметаат за носители на надеж за германската извозна економија. Организацијата за надворешна економија ГТАИ ги испита изгледите во осум бранши. Студијата покажа дека изгледите во сите бранши во Кина, Русија и Бразил се од одлични до многу добри. Во Индија просечни се шансите во машинската, хемиската и автомобилската индустрија.

Според истражувањето ГТАИ, арапската пролет ги отвори географски блиските африкански врати. На пример, во Тунис годинава се очекува економски раст од 2,8 проценти. Економски раст од три проценти се очекува во Турција, што е над европскиот просек. Од тоа во Германија посебно ќе профитира градежниот сектор, како и машинската и хемиската индустрија.

Меѓу „скриените шампиони“ на новите извозни пазари се наоѓаат земјите како Индонезија, која може да се надева на минатогодишниот раст од шест проценти, а исто така и Мексико, втората по големина економија во Латинска Америка, кој ќе биде се’ повозбудлив за извозниците во областа на обновливите енергии. Во истражувањето посебно се посочува Монголија, земјата со многу суровини, која може да биде елдорадо за германската машинска индустрија.