1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Шансите за почеток на преговори со Брисел се добри

Постојат добри можности Македонија оваа година да добие датум за преговори за членство во ЕУ, изјави денеска во Скопје словенечкиот министер за надворешни работи, Димитриј Рупел, кој истовремено е и претседавач со ЕУ

default

Рупел со свои колеги неодамна во Брисел

Рупел водеше разговори со својот македонски колега Антонио Милошоски,а ќе разговара и со државниот врв, ќе се сретне со макеоднскиот претседател Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевески и претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски.

Препораката на Рупел гласи: почитување на начелата - единствени, солидарни и флексибилни, принципи кои Европа многу ги почитува. На прашањето зошто март е доцна за решение за спорот со името со Грција, Рупел одговори дека не знае дали е предоцна, но во април треба да бидат донесени важни одлуки, тој посакува Македонија да стане членка на НАТО.