1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Шансите за НАТО зависат од темпото на реформите

Во Скопје претстојуваше Даниел Фрид, американскиот помошник државен секретар. Во наредните шест месеци НАТО ќе изврши ревизија на стореното во Македонија и сите земји членки кадидати. Македонија има сериозни шанси доколку ги забрза реформите.

Никола Груевски и Даниел Фрид во Скопје

Никола Груевски и Даниел Фрид во Скопје

Македонија не по своја вина беше отсечена од европските текови, но НАТО, ЕУ и особено САД, сакаат државата да дојде во овие институции. Кога високо претставник на Стејт Департментот ќе дојде во Скопје со ваква изјава, тогаш на властите во Македонија им се враќа оптимизмот и надежта, особено дека кандидатурата за членство во НАТО им е можеби на дофат.
САД сакаат Македониај да биде најсилна кандидатка за НАТО, кажа во Скопје помошникот на Кондолиза Рајс, по средбите со државно – владиниот врв и престојот во Белград и Приштина „Има уште многу да се направи. Борба против копрупцијата, спроведување на рамковниот договор, економси реформи. Тоа треба да се прави во наредните шест месеци“ кажа Даниел Фрид. Високиот американски диполомат потоа најави ревизија на стореното што НАТО ќе го прави во земјите кандидати.

„Свесни сме дека треба да си ја завршиме нашата домашна задача, да ги завршиме проектите кои се дел од акциониот план, во тој правец ние е прдолжиме со реформите, реформите во одбраната. Реформите во првниот систем, реформите кои треба да поминат во борбата против корупцијата и криминалот, реформите во економијата.“ рече премиерот Никоа Груевски по средбата со Даниел Фрид.

Гостинот од Вашингтон дојде во Скопје по деболокадата на политичкиот дијалог власт – опозиција во Македонија, а по средбите со опозициските лидери Радмила Шеќеринска од СДСМ и Али Ахмети од ДУИ се увери и во консензусот што посотои во држават околу НАТО апликацијата

„Ни престојат сериозни неколку месеци каде што треба да покажеме напредок во реформите. Поканата за членство во НАТО, нема да биде незаслужена награда, зависи од она што ќе се случува овие неколку месеци во Македонија. Ќе зависи од однесувањето на опозицијата, но најмногу ќе зависи од квалитетот на работата на македонската влада.“ изјави Радмила Шеќеринска по средбата со Даниел Фрид.

По неа во резиденцијата на америакснкиот амбасдор влезе на разговори и Али Ахмети. Од секогаш сме ја поддржувале македонската НАТО интеграција, но не сме подготвени тоа да биде на штета на правата на Албанците во Македонија изјави лидерот на ДУИ.

Американскиот Стејт департмент доби уште една слика за речиси идентичните поглеи на македонските политичари околу иднината на Косово и поддршката на планот на Марти Ахтисари што е одлична преорака во Вашингтон и за НАТО аспирациите на Македонија.