1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Шанса што не смее да се прокоцка

“Новиот Совет за човекови права е голема шанса за ОН да ја обноват нивната борба за почитување на човековите права во светот, која не смее да се прокоцка.“ Со овие зборови генералниот секретар на ОН, Кофи Анан, на конститутивната седница на Советот со седиште во Женева, им се обрати на земјите членки и опомена – оставете ги политичките игри.

Советот за човекови права во Женева

Советот за човекови права во Женева

“Не дозволете овој совет да се вплетка во политичко тактизирање или ситни маневри. Мислете секогаш на оние чии права не се почитуваат“, рече Кофи Анан, а претседателот на генералното собрание на ОН, Јан Елиасон, говорејќи за историски момент побара земјите членки на новиот Совет за човекови права да му покажат на светот дека советот значи нов почеток во работата во рамки на светската организација за подобрување на состојбата со човековите права во светот.

Големи зборови за новото тело, кое е основано наместо спорната Комисија за човекови права, имаа сите говорници на конститутивната седница. Германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, се заблагодари за поддршката и довербата за Германија, која е избрана со најголем број гласови на сите западни земји во новиот Совет: “Се радувам што Германија е избрана од страна на генералното собрание на ОН за земја основач на новиот Совет за човекови права.“

Сепак, Штајнамер стави јасно до знаење дека основањето на советот е само првиот чекор. Генералното собрание на ОН на советот му даде само надворешна форма, а сеуште е отворено – како ќе изгледа натамошната работа на советот. За тоа, тој самиот ќе донесе одлука. Веќе сега стануваат јасни разликите во мислењата меѓу земјите членки. Некои земји, како Кина, Куба, Русија или Тунис немаат интерес за силен Совет. Западната група земји е во значително малцинство и затоа треба да работи на убедување и да спречува поларизација во советот. Штајнамер бара соработка: “Мора да најдеме проодни патипшта за заштита и поттикнување на човековите права во светот и мора да видиме како кон тоа можеме да придонесеме. Ваква една конструктивна дискусија која има цел е знак на одгвоорна политика за човекови права и ваква политика посакувам во Советот за човекови права“, рече тој.

Средбата на Советот за човекови права во женева трае до 30 јуни.