1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Шампон за камили

Фирма од Германија произведува шампон за камили кој во Обединетите Арапски Емирати „оди како алва“. Во што е тајната на специјалниот шампон, кој чини 45 евра за литар?

Третман на разубавување со специјален шампон од бор. Производот има одушевени купувачи во Обединетите Арапски Емирати. А, доаѓа од Германија, од претпријатие во покраината Долна Саксонија.

Претпријатието е всушност специјализирано за производство на палети и преработка на дрво.

Сртуготините порано биле само отпаден материјал кој селаните го расфрлале во шталите. Денес тие се основа на успехот на Хајнрих Вилмс:

„Прво селаните кај нас ги земаа струготините, кои потоа им ги постилаа на кравите за лежење. Поради тоа имаа помалку трошоци за ветеринари и се наметна заклучокот дека струготините мора да имаат некакво дејство, затоа што животните остануваа здрави“, вели Вилмс.

Тој произведува средства за нега за луѓе и животни околу пет години. Тие се базираат на антибактериското дејство на стеблото на борот. Специјалниот шампон за камили настанал случајно:

„Пред неколку години имавме задоволство да сретнеме професор од Обединетите Арапски Емирати, кој ни раскажа за проблемите со камилите. Ни кажа за проблеми со кожата и откако му ги покажавме нашите производи за луѓе праша дали може да развиеме такво нешто за камилите.“

Фирмата Вилмс од пред една годинина произведува шампон за камили. За извоз е надлежна ќерката Катарина. Муштерии се главно сопственици на камили од Абу Даби и Дубаи. Семејството Вилмс им има продадено на шеиците повеќе илјади литри шампон.

„Бизнисот оди добро. Многу добра продажба на шампонот имаме за специјалните групи камили, како камили за трки или камили кои учествуваат на избори на убавина“, вели Катарина Вилмс.

Мирис на бор во пустинскиот песок! Една камила дури победи на избор на убавина со помош на шампонот. Литар шампон чини 45 евра.

Шампонот за камили врз база на струготини е успешен продукт. Којзнае какви други чудотворни средства ќе измисли во иднина Хајнрих Вилмс од своите струготини.