1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Шампиони во срцата

По победата на Германија над Португалија и освоеното трето место илјадници луѓе излегоа да слават на улиците низ Германија.

Швајнштајгер херој на мечот

Швајнштајгер херој на мечот

Германскиот репрезентативец Бастијан Швајнштајгер ја крена земјата на нозе откако и подари три гола на вчерашниот меч против Португлија и им донесе трето место на неговата репрезентација. Победата во малото финале предизвика лавина од луѓе на улиците низ сите германски градови. Огномети, скандирање и насмеани лица. Се радуваа за медалите со кои синоќа се закити нивната репрезентација.

Херој на вечерта беше репрезентативецот Бастијан Швајнштајгер го ги постигна двата гола, а го намести и третиот автогол кој го даде португалецот Петит. Португалците само еднаш ја затресоа мрежата на Оливер Кан. Германскиот голман кој вчера првпат бранеше на ова Светско првенство на крајот доби громогласен аплауз. Но, од Кан по мечот пристигна и изненадување.

„Ова беше мојот последен меч за репрезентацијата. Беше прекрасно, но морате да знаете кога е крај“, изјави Кан по натпреварот.

Кан има одиграно 86 натпревари за германската репрезентација, а на мундијалот во 2002 беше одликуван со златен фудбал.

Кан си заминува, но навивачите вчера со скандирање и плакати го молат нивниот нов херој да остане. Договорот на актуелниот тренер Клинсман истекува сега по СП, и иако веќе има понуда за негово продолжување се уште не се знае дали ќе остане на чело на репрезентацијата.

Инаку вечерва се игра последниот меч од СП во Германија. Во финалето силите на теренот ќе ги одмерат Италија и Франција.