1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Шампионатот во Ф1 останува неизвесен

Возачот на Ферари, Фернандо Алонсо победи на трката за Големата награда на Велика Британија, која во рамките на годинашното првенство во формула 1 се возеше на патеката во Силверстон.

default

Важни поени: Алонсо на победничкиот пиедестал со Фетел (лево) и Вебер (десно)

Алонсо, кој трката ја започна од третата стартна позиција, до победата стигна со одличната тактика и лошата работа на механичарите на конкурентот Себастијан Фетел. Германецот, кој е актуелен светски првак и лидер во вкупниот поредок ја освои втората позиција, а подиумот го комплетираше Марк Вебер,

Sebastian Vettel Silverstone Qualifiying Formel 1

Победата во Силверстон се чинеше сигурна: Себастијан Фетел стигна втор

клупскиот колега на Фетел. Луис Хамилтон, домашниот миленик, кој трката ја започна од десеттата позиција го освои четвртото место, откако во последните педесеттина метри ја одбрани позицијата од Фелипе Маса, вториoт возач на Ферари.

По девет трки Себастијан Фетел ја задржа челната позиција во генералниот пласман со 204 бодови, Марк Вебер има 124, додека Фернандо Алонсо со денешната победа се искачи на третото место. Шпанецот има вкупно 112 бодови, три повеќе од пилотите на Мекларен Мерцедес, Луис Хамилтон и Џенсон Батон. Кај конструкторите Ред Бул има 328 бодови, Мекларен Мерцедес 218, а Ферари 164. Следната трка во шампионатот ќе се вози на 24. јули во Германија на патеката Нинбургринг.

Автор: ГЧ/ миа

Редактор: Александра Трајковска