1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Шалке не успеа да се избори за Лигата на шампионите

Германскиот претставник Шалке не успеа да се пласира во фудбалската Лига на шампионите и ќе мора да се задоволи со учество во Купот на УЕФА.

default

Ни Кевин Курани не успеа да му помогне на тимот

Во реванш-натпреварот од квалификациите за Лигата на шампионите Шалке загуби од Атлетико во Мадрид со 4 спрема О. Екипата од Гелзенкирхен имаше минимална предност од првиот натпревар што го доби со 1 спрема 0, но не успеа да ја сочува: прими гол уште во 19-тата минута, ,а сломот на Шалке уследи во второто полувреме, кога домаќинот постигна уште три голови и еднаш ја затресе стативата.

„Мислам дека вакво нешто како денеска не би смеело веќе да ни се случи“, кратко прокоментира играчот на Шалке Кристијан Пандер. Во победничкиот табор задоволство и донекаде разочарување од играта на германскииот тим. „Да бидам искрен,очекував малку поинаков Шалке, дека нема да играат толку повлечено. Но, за нас тоа беше добро“, вели чешкиот репрезентативец од редовите на Атлетико Томаш Ујфалуши.

Со елиминацијата Шалке испушти околу 15 милиони евра, колку што би му донесло учество во Лигата на шампионите. Она што не му успеа на Шалке, го постигнаа Бате Борисов, Алборг, Стеауа Букурешт, Динамо Киев, Фенербахче Истанбул, Базел, Анортозис Фамагуста, Шахтјор Доњецк, Олимпик Марсеј, Јувентус Торино, Панатинаикос Атина, Барселона, Фиорентина, Арсенал, Ливерпул и Атлетико - сиве овие клубови ќе играат годинава во Лигата на шампионите, покрај екипите кои обезбедија директно учество во неа.